ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА WEB СТРАНА НА BRATEKS ПРЕНОЌИШТЕ
        ЗА НАС

 


copyright 2003 © BRATEKS

Братекс е преноќиште со семејна традиција која опстојува повеќе години наназад благодарение на високата професионалност и гостопримство. Нашата главна цел е да создадеме лојални и задоволни клиенти кои постојано би ја обновувале соработката на обострано задоволство . Нашата визија е насочена кон континуирано подобрување на условите на сместување, услуги секогаш имајќи ги во прв план Вашите потреби, затоа што ние постоиме за вас !
Наоѓајќи се во подножјето на планината Водно преноќиштето Братекс ви овозможува за момент да се отргнете од бучавата и гужвата на урбаниот дел на градот и да уживате во мирот и тишината што ви го нуди населбата Водно - резиденционалниот кварт на градот, а сепак да сте блиску до самиот центар на градот, бидејќи Ние сме само 1, 5 километри одалечени од центарот на градот. Покрај можноста за бескрајни прошетки по падините на планината Водно во непосредна близина се наоѓаат и терени за фудбал и тенис, како и голем број на кафулиња, ресторани и неколку трговски центри.
Преноќиштето “Братекс “ Ви нуди еднокреветни и двокреветни соби, салон за дневен престој , кабелска телевизија, летна тераса и паркинг.

За сите информации околу цените и резервации на соби посетете го линкот контакт.

Нашето работно време е 24 часа.